начин (имн.) - кој (зам.)

„Правилно, овој термин припаѓа на објект-јазикот и означува релација помеѓу стварите или супстанциите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓутоа, тој понекогаш се употребува од страна на филозофите на начин кој означува единствено причинска врска меѓу две серии настани од, во основа, различен вид.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кај работата на Гилхрист ризикот се однесува на подолгорочните ефекти од депривацијата и пореметувањето на сонот, и на заедничкиот страв во однос на тајната на нашата свест. 24 okno.mk 2 ДЕЛ: УТРОБА И ТЕХНИКА Во научната и културална теорија и пракса денес се под прашање цела низа стојалишта во однос на човечката свест и техниките на иднината.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Според едно стојалиште, животот и интелигенцијата функционираат на начин кој е сведлив, а со тоа и повторлив, на машина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, тука не сме обврзани да го застапуваме ова гледиште. 60 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Напротив, интенционалистичкото гледиште зависи од идејата за нивното конвенционално потекло и поддршка, на начинот кој штотуку го опишавме, а ова е исто толку анти-реалистички став кон нив како што е и ставот на самиот Витгенштајн.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со ова е поврзана и поентата дека интенционалистичкото објаснување, наспроти Витгенштајновото тврдење, не повлекува дека правилата го поседуваат оној вид или степен на автономија која би ја сугерирало нивното разбирање на платонистички начин.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со цел Витгенштајн да се предизвика во овој случај, доволно е да се постави прашањето: бидејќи се бара на објаснувањето да му дојде крајот, зошто да му се стави крај во мистеријата на тоа како почетникот успева да постапува на начин кој фактички се согласува со практиките на заедницата, попрво одошто тоа да се стори со помош на достапниот и добро познат комплекс од психолошки концепти кои пружаат толку моќна мрежа на дескрипција и предвидување?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Неговата книга со брадавици на насловната беше неочекувано анти-задоволство.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Гронинг: За мене е малку преморбиден, но го ценам и мило ми е што постојат луѓе како Арт Спигелман и Франсоа Моули кои ги камшикуваат тие чудаци на начин кој им овозможува да ги прават своите луди нешта.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тие го толкуваат она што е оригинално „дадено”, на начини кои ние возрасните некогаш сме ги употребувале, но сме ги заборавиле.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Од друга страна, тој е структуриран на начин кој изгледа, да речеме, како роман.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во овој циклус се застапени само неколку наслови од еден пообемен поетски ракопис во кој се обидов да ги здружам македонските именки и придавки на начин кој ми се гледа за интересен за нашите натамошни истражувања.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
За време на разговорот, како што Џон и Ен ги артикулираа своите искуства за оваа спротивставувачка форма, стана очигледно дека нивниот однос не се состои единствено во таквото однесување - тие се во состојба и поинаку да размислуваат за него.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ако се занимавав со Алхемија, тоа беше на единствениот начин кој денес е прифатлив: тоа не го ни знаев.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За мене постои повеќе од да, не или индиферентност: тоа е - на пример - отсутност на тој вид испрашување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ги прашав дали сакаат она што останало од нивниот однос да биде и понатаму детерминирано од овие форми, или пак повеќе сакаат да интервенираат и да влијаат на развојот на настаните - да определат како ќе се развива (она што останало од) нивниот однос на начин кој и на двајцата би им одговарал? 42 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова негирање ја разоткрива желбата за 12 Margina #4-5 [1994] | okno.mk поддржување, често на начини кои се толку упорни колку што се и неинвентивни, на категориите на сликање и скулптура на Beauh-Arts, и на конзервативната хиерархија на уметничките форми воопшто.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тие се разликуваат меѓу себе само по начинот кој да ја постигнат истоветната цел.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бидејќи смета дека свеста е централен ментален феномен, тој сака да отпочне едно сериозно испитување на свеста во нејзините рамки, и се обидува да ја докрајчи теоријата дека умот е некаков компјутерски програм давајќи предлози за преобразување на нашето проучување на менталните феномени на начин кој би ја оправдал надежта за повторно откривање на умот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На пример, искуствата на жените за нивните сопствени тела и за нивните плодови (родени или неродени) би ја предизвикале крутата дихотомија на внатрешно/надворешно и јавно/приватно на начин кој би провоцирал различни одговори ако не и уште повеќе прашања за проблемите коишто се поврзани со идентитетот, врските помеѓу себството и другите, и оправдувањата на либералната демократија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Понатаму, имаш интелигентно обмислени начини кои што даваат информации во врска со пишувањето на буквата, имињата кои што започнуваат со неа...
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
39 ПСИХОТЕРАПИЈА (2) James L. Grifith Како да зборуваме за умот и телото, на начин кој би ја доловил моќта на изговорениот збор да го лекува телото?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не ги сакам вообичаените начини кои се премногу каузални и очигледни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Да го разгледаме примерот на калкулаторот, иако дизајнерите се слободни да го имплементираат делењето на било кој начин кој нив ќе им одговара, тоа што го направиле сѐ уште е делење.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тие ни помагаат да го расчлениме општото поведение на организмот на начин кој ни дава подлабок увид во емпиричките податоци од психологијата и невронауките.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Татко однатре, длабоко во душата, ги разбираше на еден мистично идеалистички начин кој им беше својствен на овие херои идеалисти, кои беа над своето време, но режимите ги маргинализираа, ги истиснуваа под нивното време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ема Ендековска имаше висока почит кон госпоѓа Мариела и тоа таа го искажуваше на начин кој беше во согласност со културата на нејзината пријателка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- што почнуваше да го мачи со сомнеж кој вртеше како сврдел во најчувствителното) дента мобилниот на Круме Волнаровски беше недостапен и немав никаков пристап до информација и тоа почнуваше да ме мачи со сомнеж кој вртеше како сврдел во најчувствителното (ми беше качена на начин кој овозможуваше да ѝ влезе сè што можеше да ѝ влезе; мислев дека устинките никогаш не ѝ биле толку отворени, се лизгаа лево и десно, ме допираа по ципите, ми ја влажнеа волната и ми ја подлапнуваа, ми ја шмукаа или така ми се чинеше, особено кога почна бавно да се крева со задникот нагоре и да се спушта на мене стегајќи ме меѓу бутовите, постепено забрзувајќи го ритамот, нанесувајќи ми тапа болка на јајцата) ние знаевме само толку дека Илона веќе беше далеку од нас, нејзината трага се покриваше и таа започнуваше нов живот за што Ема не сакаше многу да зборува, нејзиниот живот е нејзин, велеше, како и мојов што е мој, ѓаволу мој, ми рече Ема утрото кога во мојот кабинет ја спомнав Чехињата (ги крена рамениците како да сакаше да каже дека за ништо не е виновна но не кажа, тоа собирање на рамениците беше грч пред ослободување, тоа беше начин да се мобилизира, да се собере целата во себе пред конечното испразнување и така се случи како и секогаш: списка, свика нешто неразбирливо и продолжително, да, тоа беше крик кој доаѓаше од длабочината на нејзините гради, и откако во одгласот тој се стиши во едвај чујно ајјјоооххх … иииооојјј и откако со усните ме побара под себе и ми стави заби на рамото, омекна, се распекмези, се распосла над мене, лесно ме покри со телото облеано во пот и ме заведе во блага дремка) Но таа ноќ не беше за спиење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таки првин ја развлече устата, а потоа ја подотвори на начин кој ветуваше дека ќе додаде уште нешто, но одеднаш замолчи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Круме Волнаровски е во затвор, можеш ли да сфатиш?!“ ме праша Ема како да се прашува себеси.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Под следните услови: Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Таа понекогаш нѐ вовлекува да делуваме на начин кој сѐ уште не е анализиран како нешто што ние го правиме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој работи многу за да пронајде начин кој ќе му обезбеди предност во ситуации на живот или смрт.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога Кулик престана да биде украсен уметнички објект - источен сосед кој ја претставува бедата на рускиот кучешки живот - и почна да се однесува на начин кој ги изненади неговите набљудувачи, брзо беше етикетиран како не­при­јател.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Зошто сме толку вљубени во наши­те галеничиња, што често постапуваме на начин кој е спротивен на нивната добродетел - на пример, облекувајќи ги кучињата и мачките?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сигурно веруваше дека нереченото и неслушнатото не прават многу послободни и покомотни и дека тоа е патот и начинот кој најмногу придонесува да го заборавиме непријатното и грдото што и без тоа толку многу го имаме околу себе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Целта е, како и при создавањето на музиката, секој елемент од говорот да се доживее и набљудува во својата посебност и “таквост”; но таквата аналитичка постапка некако премногу механички и произволно ја разбива органската структура каква што е јазикот, и тоа само на начин кој е квазиобјективен.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тие се и таблоидно ѓубре и академска статија, тие се непоправливи популисти, но како и секоја ѕвезда имаат потреба од забележително појавување и култивирана митологија. 120 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Талкам наоколу на чуден начин кој и самиот го виде и гледам дека ништо не се случува без метод и ред - што повеќе треба да знам?“
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Под “амортизери” подразбирам социјална и емоционална слобода телото да се ускладува со околината на начин кој ја штити неговата слобода да донесува одлуки без пречки, начин кој води сметка за она што е најлично.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Оние надвор од Британија кои за Жилберт&Џорџ знаат од книгите, од сериозните есеи во каталозите и филозофските размислувања за нивното дело, можеби ќе бидат зачудени од бројот на интервјуа, профили и новинарски истражувања во врска со Жилберт&Џорџ објавени во Британските весници и популарни спиисанија, и ниту едно од нив ниту ја допира нивната уметност на начин кој би бил поинаков од еден дополнителен поглед врз бизарноста на нивните животи.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Го правеа во чест на мажот и жената, во чест на ѕверот, во чест на Бога.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го правеа затоа што беа распуштени, дома на слобода, живи и интимни, затоа што повеќе не можеа да чекаат, не можеа да го чекаат одредениот час, точното време или температура, не можеа да ја чекаат иднината, месиите, мир на земјата и правдина за сите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го правеа пред огледала и притиснати на стаклото во туш кабини, го правеа на ѕидови и на мебел на начини кои наметнуваа претходно незамисливи акробатски вештини што тие во тој момент ги измислуваа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мајка ми од срце се изнасмеа: - Малечко мое, можеби сепак треба да пораснеш малку повеќе за да можам да ти објаснам на начин кој тебе би ти бил близок.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)