Кога сите се откажаа од убедувањата дека треба да ги исправам забите, еден човек на најпрост начин ме поттикна да го сторам тоа.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Бидејќи во 1943/4Париз беше окупиран, ослободениот Алжир стана некој тип на книжевна престолнина.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
И оттогаш останав во трајно и ненаметливо пријателство со Махмуд Дарвиш, посебно со неговата судбина, која на одреден начин ме следеше и во моите дипломатски мисии, посебно како амбасадор во државата Палестина, која постоеше посилно во надежите на нејзините поданици отколку во реалноста...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Пред неполни триесет години, во 1978 година, со него се најдов, како и со другите на вишинката на манастирот Свети Наум, да му ја покажам мојата варијанта на балканскиот егзил, да му говорам за подводната граница во Езерото, вардена од змејот, за нашето вечно патување преку границата, за варијантите на медитеранскиот апсурд.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сепак, ни ги купуваше најголемите чоколади, највисоката елка за Нова година и секогаш знаеше што сакаме да ни донесе Дедо Мраз.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ниче пак на необичен начин ме упати кон Русо, Русо од Фантазиите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој се смее. На некој чуден начин ме успокојува кога седам со него на клупата пред црквата.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)