Сакав да сфати, но на индиректен начин дека ми годи ваквото однесување и дека она, со нозете беше убава претстава што јас ја протолкував како нејзин обид да ја изгони од мене нерешителноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Би било бескорисно за нашите сегашни намери да ги испитуваме сите Деридини апликации на оваа рамка.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Покажувањето на овој начин дека еден текст е самореферентно неконзистентен, се разбира, е мошне традиционална форма на критика.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сето тоа ме тревожеше. Дури и на дедо Баџак по малку му се лутев што умре без да ме викне, или барем да ми соопшти на некој начин дека има намера тоа да го стори.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Прво, пресвртувањето покажува дека постојат извесни противречности имплицитни во претензиите на текстот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Им соопштува на свој начин дека дошле даскалиците од Охрид и дека вечер ќе даваат претстава и кои се цените на местата, та иде и до најинтересната новина од денеска која сам си ја додава, разбирајќи дека: на некое момче од Марул му избегала невестата и запиња повеќе од секогаш: — Денеска на пат за Прилест загинала една млада, бела, калеша, убава невеста од Маруууууул!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)