Долу на улицата мали вители од ветер тркалаа прав и искината хартија во спирали и иако сонцето светеше, а небото беше јасно сино, изгледаше како во ништо да нема боја освен во постерите што беа излепени насекаде.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се сеќавам, стигнав таму во пот. Сонцето удираше од кај Сината Планина и небото беше пепелаво сино.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Она, што се случуваше со тоа небо беше една работа, која што беше вон од секој дофат и која можеше да трае денови потераници.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Небото беше сето растворено во таа сивина, станато некако изгаснато модро, без ниедна ѕвезда и скоро исчезнато, само со една половинка изгасната месечина, ниска, бела и разјадена од сивината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше јасна прериска ноќ, без месечина; небото беше ѕвездено.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
И продолжив да копам, затоа што горе не можев да се вратам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И јас бев загледана во некое отсуство, моето небо беше празно и ме обвиваше мрак.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Околу мене беше пустош, а од оние што беа најблиску до мене ме делеше таква непремостлива вечност, која само Зенон би можел да ја објасни.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А таму горе едвај можев да видам светлинка: небото беше малечка точка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Не ќе мораме да мислиме на него секогаш кога Јупитер или Сатурн или Марс ќе го осветлат вечерното небо Беше тоа нешто друго.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)