И да ја отвфрлиме темата за Битието Под претпоставка дека е банална И низ болниот крик на раѓањето Да го чуеме она што го сакаме: Нема песна без земја и небо И без земја и небо нема дрво И плод нема без земја и небо
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Небото немало ни капка синило на себе, земјата пукала под тежината на гревови, чиниш сиот свет бил содомско-гоморска арена на блуд, на измами, на пакост и среброљубје.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како што земја и небо нема без нас Задоцнети доселеници Во исцелителната градина на гревот, Ние го носиме гревот на првите луѓе Оти во песната Што само Он ја пишува Во талогот од Еденски соништа Остана прелагата змиска.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Од бездна на кладенец шуртел чад и му ги затемнувал очите на изненаденото сонце што набрзо заприлегало како да ноќевало во стара баџа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)