немој ќерко, светла Ѕвездо - на небото ти ми личиш - не влегувај в црна земја - таму нема вишно небо - нема сонце, месечина, нема ѕвезди, мила ќерко - црна земја е студена - има само црни змии - ќе ја пијат твојта младост - твојта снага фиданлија - твојте гради негалени -твојте усти нељубени
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Како ли би да не битисуваш на прстенот; Стега обезпрстенета спирала- О Мајо таго низ мене; Суша е овде; Земјата и небото Ти се ментолно тиркизно море.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Врти се роју умен, вртлогу
ти кој си на небо, биди на земја
вртилишта, улишта, восочни легла
рам-меморија на приземје и кат давам
за твојот „латински џагор“26за твојот бесценет секрет
меден збор, афродизијак
и медовината капната од небо ти ја давам
на серафим налик и на мираз
од нечија блага душа
и изблик на вечноста ти нудам
„гола како кокошкин врат“
за да се собереш, сакана
да дојдеш на врв врба
во моето гнездо озарено со етер
со екстракт од масло
со медоносно билје
ти нудам енигматични игри
крстословки, ребуси
пополнување на празнините и сотките
осмислување на келиите -
безбројните восочни клетки
ко минијатурни смрчки
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)