Од височинката, каде што се прости со Денко и доктор Коста, убаво се гледаше наоколу, и денот беше од убав преубав, небото сино како синчец, сонцето жолто како качунка, миризби како да е сред мајска покосена ливада, а сето тоа тој ниту го гледа, ниту го чувствува.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Под небото сино комарци му ловела неговата нација, во барата имало вино за сето царство Бунефација.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Ко небото сино со ѕвездено јато Во ноќта глува со месечев фенер ко скитник, темнина ќе плашам...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Сјај во тревата гледаш, и цут на дрвја, небо сино плаво сакаш, вечерен ветер, бури што подготвува.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)