Мене ми се чини дека сѐ е испустено и на небото и на земјата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Крилата ѝ се заморија, очите ѝ се склопуваа желни за сон, но длабоко под неа беше море, над неа небо и немаше каде да почине.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И небото и таа земја, врзани со линијата на ридот зад урнатиот манастир, немо ги слушаа сите наши болки зашто беа свикнати на човечки мачења какви што беа нашите - само небото во тие мигови можеше да знае кој и како умира на земјата, тоа небо на светци со мртво лице на еден мртов Јаков Иконописец и таа земја во чии мочуришта живеат острозаби чудовишта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Над нас мракот беше испресечен со зелени пукнатини, под нас земјата се грчеше од гнев.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И небото и бурите го водеа сѐ подалеку! До најдалечните и најдлабоки светови!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Снема и небо и земја. Сѐ под снег.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Врне и од небото и од земјата: нема место од каде што не врне.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)