По падот на Византија, султанот Мехмед II, најпрвин го признал рум-милетот кој ги опфаќал православните христијани, како што биле: Грците, Бугарите, Србите, Албанците, Македонците, Власите и другите православни народи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Брат ми веруваше дека Чарлс Дарвин му го нашол вистинското место на човекот - во животинското царство; тој тврдеше дека со Дарвин започнува вистинското сфаќање на човечкото суштество - како креација на природата настаната во преобразбата од еден животински облик во друг, а не Божја креација од прашина со вдахнат божји здив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа беше местото каде што се скина тенката нишка помеѓу нас и нашите заборавени претци: ние бевме првите неверници во долгата низа поколенија од времето на Мојсеј до нас, првите кои работеа во сабота, кои јадеа свинско, кои не одеа во синагога, кои не кажуваа “Кадиш“ на погребението и на годишнините од смртта на родителите, кои не го разбираа хебрејскиот; за нас светиот јазик беше германскиот (брат ми веруваше дека германскиот јазик е единствениот кој во потполност може да ги изрази највисоките вознеси на човековата мисла), се воодушевувавме од германскиот дух и правевме сѐ да бидеме дел од него, живеевме во Виена, престолнината на Австро-Унгарија, која беше нарекувана “светата империја на германската нација”, и со некакво чудно воодушевување, со кое го прикривавме зазорот кон својата традиција, ги прифаќавме тогашните навики и однесувања на виенската средна класа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И така, во Атеистичкиот музеј во Скадар ми беше фрлена анатемата како на непоправлив неверник во сталинската идеологија на родната земја, ми се стеснуваше стапицата на некаков имагинарен реванш без реални причини.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Верските заедници биле поделени на верници и неверници во следните милети: муслимански милет, рум-милет (источноправославен на чело со Цариградската патријаршија), франкискиот милет (за сите католици), ерменско-георгијански милет, милет на Ерменци католици и еврејски милет.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)