И навистина, деверите, — стариот девер оддесно, малиот одлево, — ја изведоа невестата во дворот, каде што купишта од девојчиња ја пречекуваат со песни и ја качуваат на коњ.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Убаво си наумил, бег, убаво. Оти да не појдиш; оди прошетај се, како да е ќе се опуле некоа, ако не млада, оно од постарите!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Вака — јас стар, ти стар, белким ќе опулит некој младо невеста во нас — божем се нашакува Арслан и го погледна под око Трајка.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но Карче не се очаја што не му дадоа невеста во Битола.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се замислував себеси како невеста во убав бел долг фустан, а покрај мене се разбира кој друг ако не тој Филип.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Според тоа, со криптограмот L. H. O. O. Q. Duchamp опишал три нивои на настанот: се одвива coniunctio oppositorum (Сонцето/Ергенот се симнува доле да се соедини со Месечината/Невестата); coniunctio води кон засилена свест (за што сведочи засилувањето на топлината, „огнот долу“); бидејќи засилувањето на топлината, тогаш кога е успешно, исто така е одлика на третиот степен на вештина, ова инцестуозно соединување среќно успеало да ги спои Ергенот и Невестата во андрогиниот Посветеник, а тој факт пак, од своја страна, го објаснува доцртувањето на мустаќите и брадичката што ја комплетираат насмевката на Мона Лиза, која веќе не е толку загадочна.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Алхемичарите ова го нарекувале rubedo, процес во кој доаѓа до консумирање на бракот помеѓу црвениот човек и белата жена, Сол и Луна.”
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се подаваат сватовите, невестата во бело облечена, младоженецот младешки укитен и укипрен.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Дедо ми Даниел ја заѕидал сенката на својата невеста во мостот на Луда Река, во нејзините темели.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тој ја зеде раката на својата невеста во своите раце и ја стисна.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Можеби умрела од нешто друго, Милан. Тоа се совпаднало кога Даниел го градел својот мост, и затоа тогаш почнале да се шират гласови дека тој ја заѕидал сенката на својата невеста во темелите на мостот. Знаеш како одат тие работи со луѓето.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Се издигна над теренот на неговата мисла како натпис, кој ја прокламира недвосмисленоста дека тој ја заѕидал сенката на својата невеста во темелите на кулата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Исправи се во април, а јас ќе отпатувам во Белград, понеси ги со себе сите песни на Здравко, а во мај ќе бидам невеста во розов фустан, таков сонував од мала... потрај како мај, барем 31 ден, те молам, за да бидам најубавиот јуни кога ќе бидеш летало од радост, зашто ќе ти кажам дека ќе станеш татко.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Со баба ти си правевме муабет, па си рековме сега, додека е невестата во болница, ти си сам. А, ние мажите, не можеме сами.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
На нејзината белина светот полетува во некоја своја сонувана залебденост, блескоти со својот раскош, како невеста во своите срми и во своите чипки, понесен од онаа тивка, полна мелодија на месечината, замечтаен во оние длабоки, сини катчиња на сенките.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
црвената: пламливи, избувливи луѓе: што на ум, што в срце - тоа на уста, за една болвосерка - туриваат каца со мед; им пререче ли нешто, им се пикна во зборот, не ги поддржа, не им одобри - повеќе за тебе не држат, те замразуваат; додека имаат мака на алтан-терезија те држат, кога ќе им помине маката, за старо тенеќе те даваат; само тие како да постојат во селото; соседите ги тераат да ги врзуваат кокошките, а тие кучињата свои ги пуштаат кај што сакаат; кога ќе се впипрат во лицето - запелтечуваат; ако ти е фрлена шега, подбив, мунѕа - од нив е; се зафатија ли со нешто, наумија ли нешто - или ќе го сторат или раката ќе си ја отсечат; жолтата: колебливи во очи, во држење, во однесување; многу сакаат да слушаат, да чујат сè, а ни трошка нешто од себе да речат; во расправиите бегаат, не сакаат тука да се најдат; дома глас не им се слуша, како да не се живи; за мала работа трчаат кај соседите за совет; кога ќе им влезеш в куќи, не ги фаќа паника, ниту брзаат да те почестат; ако дедо им бил говедар, козар, питроп, полјак - таткото и синот и внукот се тоа; по гробиштата кога сите лелекаат и плачат, тие ги гаснат свеќите да не се трошат до крај; секогаш одат со навалени глави загледани во земјата како да бараат нешто што изгубиле или пак што загубил друг; кафеавата: рано легнуваат, рано стануваат; тешки во одењето, тешки во зборот; само за себе живеат; што било, како било - во нив останува; дома со седење те пречекуваат: ќе те измерат: кој си, што си, па ќе станат; за многу работи се прават дека не чуле; она што е нивно не го даваат на друг да се послужи; устата им испушта мед, а срцето пелин; кога ќе им дојде невеста во куќата, или ќе ја претопат - табиетот да им го земе, или клоцата ќе ѝ ја удрат; имотни се, но со прсти стегнати, кајафлии не се расфрлуваат и не арчат многу: дури и кога дечињата наутро ги празнат мешињата, ги празнат во дворот - да имаат што и кокошките да колвнат; избегнуваат кај што не им е по ќеф или кај што шерепере се зборува; жените со плетиво одат в поле, в планина, в црква, на молзење, в град по купување; кога даваат совет, не ти кажуваат сѐ докрај - нешто и за себе задржуваат; ако те засакаат - виделе нешто во тебе што им се допаѓа; кога ќе им се случи нешто лошо во куќата, одмерено плачат; кога се болни, не ѝ веруваат на болеста; со неа шетаат, со неа работат, со неа по веселби одат; ја носат, а гледаат кому да му ја прилепат; розовата (шеќерлијата): чаламџии, фодули, самобендисани, а купи ден - помини; на оро први; те сакаат додека имаат мака; јајце да варат, надвор го варат - да ги гледаат сите; од надвор куќата чиста, паќна, што се вели: азна, а внатре празна; што да се случи во селото - први разбираат; во разговор ќе те префрлуваат од рид на рид, ќе ти тргаат фурки - в очи ќе те лажат; не држат многу до зборот: речи - одречи; ти даде ли нешто, сите знаат; новата кошула ја облекуваат врз старата: кој да види да завиди; први се за гости, за јадење, за пиење, а кога ќе им дојдеш дома - им поминал светецот!
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Но ако ја земеш невестата во нова куќа, ќе го земеш и свекор ѝ.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- А јас можам да подарам опинци. Не сум со празно ќесе. - Опинци имам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А сега домарот пред него гласно размислуваше дали гостинот што слика ќе остане две - три недели, или цел месец па и два, и како да си помине тој, па и домарот покрај него, само со манастирски грав, еднаш во седмицата зелник од селото, па и некое јагне ако се згоди празник, да не ги сметаме тука: домашниот леб што го месеше и го печеше невестата во селото двапати неделно, биеното сирење на маша над мангал, низите суви пиперки и солени циронки, како и бинлаците вино и ракија дарувани на манастирот од останати верници, за светците не за грешниците.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сакаа сон лесен, со своите семејства прости им, сакаа мирна да ја видат ко невеста во бело руво
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)