И се случи чудна, невообичаена, глетка: по едниот сокак кон црквата тргна поворката со мртовецот да се закопа, а по другиот тргнаа свадбарите со зетот и невестата да се венчаат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Која душа ќе запиња невести да им бара?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Чекаше невестата да ѝ се врати младоженецот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Така е адет: невенчана невеста да не се појавува на трпезата пред гостите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
ВАСИЛКА: Штом е за невестата да ми заигра во куќава — тука сум јас!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ај, пак кога ќе спечали нека каже една невеста да му бараме.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Да не може невеста да извади боска надвор, да го нацица детето. Џандарите зркнале како пчишта, лиги им течат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)