недела (имн.) - или (сврз.)

Или ќе ги забереа пред пушка и ќе ги отераа во џандармериските станици во Алинци или Тополчани, или во Прилеп или во Битола, ќе ги држеа во тамошните затвори неколку дена, неколку недели или неколку месеци и кога ќе ги пуштеа да си дојдат дома, си доаѓаа посинети од ќотек и со искршени ребра, раце и колена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така, брате! На добро тргна. Мина што помина недела или неполна недела, а шефот го гледа напорки.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Колку една недела или две.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама - ми остана тежина во душава - би рекла баба Мирјана: де - неповолни временски услови, де - неконтролирано ширење на градот, де - аерозагадувачи кои тешко или воопшто не се контролираат - де - застарена техника и немање средства да се купи современа, де - резултати што доцнат по неколку недели или месеци...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Па ете да речам, последната недела пред зимскиот распуст.“ „Недела или сабота?“ праша Теми.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А Русија не е земја за една недела или за еден месец да ја поминеш!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нели, секој Русин, насекаде и секогаш повторува: „О колку е голема нашата мајчичка Русија! Никој ја нема пројавано открај накрај!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На тоа за првпат се јави Чако што го донесе Ангеле пред неколку недели или месеци. 54
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)