1. Сонувавме заедно бескрајни предели и соници и несоници и возможности и невозможности. Кога се будевме сеедно дали тоа беше утро или пладне излегувавме пред езерскиот шир да ја пронајдеме светлината.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Кога лежеше сам, напнат од несоница и загледан во вжарениот врв од цигарата, не ѝ веруваше, патеше, можеби не зашто не можеше без неа и не зашто можеше да ја засака повеќе од првата.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
По неговото заминување, нејзе повторно ѝ се поврати главоболката, нервозата, несоницата и одново полнејќи се со јад и гнев, фрлаше искри од очите, крикаше како птица грабливка, се загалцнуваше на пола збор од лутина и сѐ повеќе го повраќаше поранешниот изглед и држење облекувајќи се во панталоните и чизмите, во елечето од кучешка кожа и плускајќи со камшикот и сѐ повеќе стануваше несреќна и зла.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Престануваше да се брани од комарци и се притајуваше, беше изморен од нејзината несоница и ненаситност.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)