Како што можеше да се очекува, штом се отвори вратата, ку-чето се мушна во подотворената врата и излета, истрча како да бега, но кај скалите подзастана, се сврти назад, се приближи кон влезната врата од станот и со нетрпеливост замавта со опашката удирајќи ја од бетонот, всушност повикувајќи го својот нов сто-пан да побрза да си одат.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)