Пристигнувањето на Меклин значело коренита промена во британскиот став во однос на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Како што видовме, истражувањата што можат да се наречат научни сѐ уште се вршат за целите на војната, но тие во суштина се еден вид сонување со отворени очи, а нивниот неуспех да дадат резултати е неважен.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
По неуспехот да воспостават контакт со четничкиот штаб во Поречито, а тоа до средината на 1943 година било во рамките на официјалната британските политика за помагање на четниците на Дража Михаиловиќ и игнорирање на единиците на НОВ и ПО на Македонија, од септември 1943 година настапила промена на таа политика, главно поради пристигнувањето во Врховниот штаб на НОВ и ПО на Југославија на британскиот офицер, бригадирот Фицрој Меклин, личен пријател на британскиот премиер Винстон Черчил.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)