нешто (имн.) - кој (зам.)

Бидејќи таа потреба луѓето меѓусебно не си ја задоволуваат, тие ги измислиле песните, романите, сликите, музиката и други слични нешта кои се поинаков привид на непосредно извадените заби-зборови кои толку многу на луѓето им требаат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Важно е да се грижиш и за нешта кои од аспект на своето основно преживување се неважни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Можам ли да речам, како оној голем филозоф, дека ѕвезденото небо над мене и моралниот закон во мене, се нештата кои ме определуваат?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Другари се нешта кои можеби му се случуваат на мојот внук, роднините ги среќавам само на свадби и погреби (ги избегнувам и едните и другите), а тебе, тебе би можело да те избегнува само моето бесчувствително минато.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Душа на душата Допираше сѐ што постои - икони, камење, билки, сите нешта и светови ги допираше.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Како и кај сите големи и ретки поети, така и кај Анте Поповски, додека читате нови песни, ги сподвижувате спомените на сите стари, веќе прочитани и знајни песни, но кога, пак, го препрочитувате она што го знаете, со секое ново читање согледувате нешта кои како да ги среќавате за прв пат.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Осознаваше дека во душата се населени и оживуваше нешта кои тој потоа ги пресоздаваше, и допираше сѐ што беше создадено од Бога или од него.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Оној момент кога ќе бидеме во состојба калкулаторното мислење да го преведеме во конкретно, ќе биде можно произведување на нешта кои во овој свет не се можни, на пр. повеќедимензионални тела или фрактални форми.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Пријатно беше да се размислува за претстојната средба со дедо Иван, но во својот прв ден во колибата Бојан мораше да размислува и за нешта кои бараа разрешување и од кои зависеше неговиот опстанок, опстанокот на триесетината овци, на говедата, кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Стојан Христов ја раскажува својата лична приказна со едноставност и интима, со понизност и со висока моќ на памтење, со исклучителна особеност и трогателност, нешта кои што на оваа книга ѝ даваат посебно значење и ѝ обезбедуваат високо место во современата автобиографија.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тоа се такви нешта кои и со нежен допир можат да ја искршат корупката под која ќе се појави разранетата површина на нашата сентименталност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но токму сентименталноста знае да ја поттикне избрзаната реакција која по правило е предводена од непромисленоста па дури и глупоста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ама има и нешта кои никогаш не се забораваат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Исчекувањето беше идеал, како и невиноста; дури и кога љубовта, потајна, каква што налагаше времето, ќе се родеше – требаше да се оствари тој идеал на чекањето, да се страда во тоа исчекување и во стравот дали соединувањето на двете души и двете тела навистина ќе се случи и, како во некоја религиозна приказна, тоа страдање беше искупување по кое како награда требаше да следи вечна љубов, онаа која ќе трае и по смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За оние нешта кои требаше допрва да дојдат дознававме од пријателките кои имаа постара сестра или братучетка, или од некоја книга, и дознаеното, она што беше како гледање низ дебел превез, предизвикуваше страв и срам, а во исто време и копнежливо исчекување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Метафора настанува во соодносот меѓу далечните нешта кои ја сугерираат смислата без да ја променат супстанцата на тие нешта.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Возејќи накај дома се обидуваше, како во некоја таблица, да ги подреди сите нешта кои неа би требало да ја чинат среќна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
А има и едно друго нешто, или две други нешта кои ги чудат жителите на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да се гневни на тебе за нешта кои ги створила самата ситуација.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Нешта кои, додека ги имав или беа покрај мене, не ми значеа многу.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Како и кај Leonardo, чинот на гледањето, со кого управува духот, во етимолошка смисла настанат од theorie, theorien, ги покрива сите феномени, какви и да се и колку и a priori да се разнородни, со okno.mk | Margina #3 [1994] 19 една иста еквивалентност: од моментот кога ќе станат забележливи, кадарни да се соединат со сите нешта кои ѝ подложат на перцепцијата, и, постепено, кадарни меѓусебно да се заменуваат; исто така кај Duch- amp, чинот на гледањето, теоријата, станува спекулација не за самите феномени туку за одно-сите меѓу нив, или попрво за привидите на феномени, за комбинаториката која го поврзува универзумот во две, во три, во четири и во n димензии, и која (теорија) од секое нешто прави сенка на нешто друго, што и да е тоа, од секој облик проекција на некој друг облик во кружната игра од анаморфози која овој пат се управува според законот на една повеќедимензионална геометрија, сѐ до онаа точка кога, како што Duchamp пишуваше во Белата кутија, веќе не се прави разлика меѓу два слични облици.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Цитати, подвлечени мисли, за каде, за што - ми беше одбивно да разгледувам нешта кои се чинеа далеку од сето она кое вистински ме опкружуваше.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Партијата сè уште не е завршена, но јас не сакам да се оптоварувам со нешта кои се надвор од она што ја разбранува и ја разрани мојата душа: отсуството на Сања.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Заради задачата “Ема”, кога со полицајката ќе останеа сами, се однесуваше необично, плашејќи се да не ѝ погледне в очи зашто таа сигурно знаеше (така претпоставуваше Деница) да прочита барем мал дел од нејзините намери и затоа, кога ќе останеа сами, Деница разговорот го насочуваше кон нешта кои бараа двете да гледаат нешто таму некаде, да пребаруваат таму некаде, да се смеат или да се чудат на нешто што е таму некаде, надвор од нив, а пак тука некаде, во близината, во канцеларијата, во собата, во ресторанот, на улицата, кон нештата кои беа доволно интересни и важни за да бидат двете свртени кон светот што ги опкружуваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Каде е сега мојата Сања?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но во дваесетиот век, наместо оваа права линија, одеднаш се појавува широко поле од нешта кои се нарекуваат уметност, вклучувајќи ги домашните, потоа оние од другите култури, нови технологии како фотографијата и филмот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Можам да замислам како хипертекст свеста се шири на сите нешта кои ги примаме, а не само на она што го читаме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ги допираме меките нешта Кои ни останале во сеќавање При раѓањето. Едно патување допираме Во голготата што ќе нè памети При умирањето.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Постојат такви нешта кои В.Зрновски никогаш не ги заборава - и таа како сосема случајно ја кладе дланката на мојата рака што лежеше на масата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Хипнозата во ограничената формална смисла е еден посебен случај на наведување.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мора да се прави разлика помеѓу формално организирана хипнотичка сеанса, како на пример во лабораторија, соба за консултации, или на сцена, од оној вид нешта кои се случуваат во обичниот живот, при што, воообичаено, никој од оние кои се вовлечени во тоа не знаат што се случува.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Треба да ја цениме конструктивната критика, да најдеме начин да ги разбереме работите и да ги избегнеме грешките затоа што само така ќе ги направиме подобри нештата кои гравитираат околу нашето удобно опкружување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да ја истераме темнинта шо поминува низ вашата глава, затоа што луѓето се способни да се справат речиси со се.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)