Маргина 37 93 Грчката основа на стариот ерменски систем на писмо се пројавува, пред сè, во градбата на алфабетската низа согласно со грчкиот прототип, но со отстранување на знаците со типично грчки фонетски вредности, кои му се туѓи на ерменскиот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Кон истата група на стари христијански системи на писмо, како што веќе рековме, се придружува и ерменското писмо, наречено yerkatagir, што значи железно писмо, а како и во случајот со готскиот алфабет, така и создавањето на ерменското писмо му се припишува на еден човек - првоучителот Месроп Маштоц (361-440) и на неговата дејност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)