И за ништо на светов не би го прекратил ловот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се пробуди, иако знаеше дека нема ништо на столот до него, сепак ги пружи рацете, посегнувајќи по фигурата на старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Една од причините, веројатно, е таа што Гоце помошта ја условувал (да се подготвуват, но да не преземаат ништо на своја глава), додека Сарафов, кој не водел сметка за последиците од било која акција, тоа не го правел.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
За ништо на светов не ја заменувам песнава што на сите им е мила!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Ништо на светот не е толку лошо, колку физичката болка.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа беше магија. Сон. За ништо на светот не би ја заменил таа голема, слободна вода.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Царски е патот на змиите:
ја сечат отмено поврвнината
на брановите, легнуваат по карпите
тивко, како сонце на залез
се лизнуваат меѓу нозе
очи в очи се судираат, исчезнуваат
без страст, без отров
секогаш совест од којашто извираат
водите, се ведат змејчињата
за да се одржи невидливата рамнотежа
- услов без којшто не може ништо на веков.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)