Црвен елек потскокнува по ритмот, играат како земјата да не ја допираат, како да не сакаат да ја повредат, или се задеваа со неа како со врв на нозе ја пипкаа така лесно...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Само нозете ја досегнуваат рапавата студенина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Неколку луѓе лежеле згрчени во мртов сон, неколцина го гонеле жедниот добиток кон вода со насмолени очи на волшебници и маѓосани врз мугреното смирување.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Едната нога ја испружив понапред заради стабилност, другата ми беше свиткана во коленото. На тоа место фустанот се слизнуваше надолу.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Оние што биле на нозе ја дочекале Ганка со тапо вкочанети лица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)