И, чудно, ама сега, кога веќе немав пречка пред мене, кога се најдов во тоа диванчето, кога требаше да се качам по скалите, одеднаш овие нозете мои како да ми се пресекоа во колената.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Не играј си, вели. - Не си играм јас со тебе, му велам, туку нозете мои си играат со мене.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Една девојка, пак, не ги одвртува очите: де гледа во мене, де во ногата моја.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Го изгубив видот на утробата, не бев веќе нему подобен, и трајно се здружив со двајцата понижени и бедни духом, во борба со Него, што заврши така како што заврши: јас денес мрава сум, на црн мрамор, во најцрна ноќ, а Бог не само што ме гледа, туку и го слуша топотењето на нозете мои.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Господи, утврди ги стапките мои на патиштата Твои за да не ослабнат нозете мои.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Добредојде во клубот на привилегираните, си реков крепејќи си ги годините на плеќи и си ја отстојав на нозе мојата релација.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)