ноже (имн.) - и (сврз.)

Бојан го склопи ножето и му го врати.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Детето цица, ги подотвора очињата, потклоцнува со ножињата и една мала шурка млеко му се одблиснува на обравчето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трепка со танките и раскрачени ножиња и влече некои конци по ѕидот, си работи ко плетачка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Речиси гледам како му се налеваат ножињата и рачињата, се познава мешето кај му е.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но најпрвин го засекле своето месо со змиско ноже и ги отпечатиле крвавите палци и показалци врз страниците на старото манастирско Евангелие. И еден по друг паднале пред олтарот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Мечкојад не го чул како ни тој што не го чул чкртањето на здружените двоколки по чиј ред жените и децата оделе до Бекирова ливада. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Толку за муабетот на овие двајца Првпат отворам уста за туѓи муабети Ама како што гледате во нив нема ни грам политика А признајте дека убаво е да се муабети за згодни ножиња и газиња И дека таквите муабети не ги интересираат тајните агенти
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Бабата Русинка го крена бебето, држејќи го со една рака за двете ножиња и благо рече: – Братче, братче, чеда мои...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Тој лани седеше во неа. Тој имаше остро ноже и везден делкаше...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)