Изборот на Георги Пирински во раководството на Словенскиот комитет пред сè претставувало признание за неговата работа меѓу македонското иселеништво и неговиот придонес за неговото обединување во Македонскиот народен сојуз.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Идејата за обединување на Американците од словенско потекло била поздравена од прогресивното македонско иселеништво и сите тие, во годините на војната и потоа, земале активно учество во анимирањето на Македонците за заедничко обединување со другите словенски групи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)