Но облак не се појавуваше. Небото притискаше пепелаво над жолтиот предел, маказаречката река пресуши, во јаблињата не остана ни капка.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сполај му на Господ, лицето на денот го држеше расмеано, ниедно облаче не застана меѓу нив и сонцето, што беше недосушено се исуши па така сите стигнаа да си свијат брлог за преку ноќ.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Облак не зборува, си мислам облак може да грми, може со дожд или со град да те удри, ама не зборува, си мислам, и ја поткревам главата нагоре.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)