Во Картагина, во која се наоѓаа речиси сите резиденции и амбасади, а на еден рид беше извишена големата резиденција на американската амбасада, дејствуваа амбасадорите и нивните советници како на свет во мало, во кој беа силно изразени и тогашните делби во светот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Амбасадорите на земјите од социјалистичката заедница, односно Варшавскиот пакт, дејствуваа како едно хомогено тело во кое секој амбасадор без оглед која земја ја претставуваше имаше посебна функција, во согласност со стратегиските цели на заедницата, без оглед на вжештените односи меѓу земјите на лагерот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се разбира ова беше грешка со трагични последици.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ако постои рајот во внатрешноста на историското време, тогаш ќе следат напорите да се забрза историјата, без оглед кој ќе ги поднесе последиците.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За ужасната смисла на идејата да се уништи народ, без оглед кој е, за кој најсилно сведочат документите на човечките лица: замислени, уплашени, ужаснати, отсутни...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)