Се собраа сите потерни одделенија во Полчишта, се врши иследување и се установи, дека тој што побегна е Толе од Крушевица, мајстор на качиња, букари, самари, ама тие — полчиштани не знаеле дека тој е арамија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Татко на работа доживеал мозочен удар и итно е префрлен на одделението во Скопје.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Неговите прецизни анализи се темелеа на проверени и потврдени аргументи што ги прибираше и селектираше неговото одделение во кое работеа 18 службеници, меѓу кои и Ема.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Вртам, вртам, оп, стоп! Глава бр 3 Прирачник за самохрани мајки Па читам: Прво се вртиш низ одделението во кое учи твоето дете и пикираш родители - еден, двајца, тројца, демек правиш категоризација: добар, подобар и најдобар, поврзано со материјалниот момент, карактерот и, под трето, физичкиот изглед и возраста („што старији то бољи“).
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тоа што веднаш и тревожно нѐ вознемируваше беше таа тотална отсеченост од светот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тогаш, како ученик во шесто и седмо одделение во основното училиште „Владимир Илич Ленин“, се дружев со споменатиот Мики и уште двајца школски другари, Зоки и Тоше, со кои, речиси секое попладне во Центарот, меѓу и во зградите, си игравме „Илјадници“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Евтим имал неколку одделенија и на грчки, ама јас освен нипја такши, нешто како пред прво одделение, го имам она што го стекнав од 1946 година наваму: две одделенија во Прилеп за една година и два класа прогимназија во една година во Гаково.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Следните шест месеци, сè додека не можев да ги полагам испитите, работев на замена, полно работно време, со половина плата, како неквалификуван интернист, живеејќи во психијатриското одделение во болницата Стобхил во Глазгов.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Покрај тоа што беше вообичаен вид психијатриска единица во општа болница, тука беа здомени околу осумдесет мажи и жени кои го имаа добиено грипот во 1927 (тогаш така се сметаше), а што подоцна се испостави дека е encephalitis lethargica.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Почнав да позајмувам книги и од некои ученици што учеа во градовите и ќе се чудите ако ви речам дека во тоа време, кога бев учениче од второ или трето одделение во нашето селско училиште, јас веќе знаев за Робинзон Крусо, знаев за Али Баба и четириесет разбојници, за Синдбад морепловецот, за Црнецот чичо Том и ред други наслови и јунаци од книги.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
И џагорот стивнува, и в миг се групираат по одделенија, и влегуваат во училишната зграда, низ скалила, низ ходници - се рапределуваат секое одделение во сопствена училница.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Мајчицата уште лежела на креветот наспроти вратата, а од нејзината десна страна стоел кумот, извонреден човек, Иван Иванович Ерошкин, кој бил шеф на одделение во сенатот, и кумата, сопруга на блоковскиот полициски надзорник, жена со ретки доблести, Арина Семјоновна Белобрјушкова.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)