одење (имн.) - ѝ (зам.)

Рада размислуваше како со тешкиот ранец ќе стигне до дома. На одење ѝ помогна Долгиот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На одење ѝ го затнувам ѕвонецот на кравата. Со шума, со трева.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секогаш носеше панталони и високи чизми во кои имаше пикнато камшик со кој плускаше по кучињата за да ги смири, а често и без потреба плускаше и низ просториите на Пансионот; носеше елече од кучешка кожа со црни и бели дамки што беше упадливо од далеку; во џепчето носеше шишенце со мирис со кој повремено се стркаше штитејќи се од реата на кучињата; косата секогаш ѝ беше врзана одзади во опашка која при одење ѝ се мавташе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)