После умерено бурното детство, Бароуз се запиша на Харвард, каде што неговата интелигенција, хомосексуалноста, литерарната софистицираност и зависноста од најразлични дроги, го лансираа во долготрајна одисеја во алтернативните состојби и невролошките реалности кои во историјата биле истражувани само од страна на мистиците. 100 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Од рацете не ја испуштав книгата на Емил Сјоран. Како да ми беше сопатник во потрагата по тиранските одисеи во Картагина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Настојуваше постојаната потрага по спасот на главните ликови на сагата, низ помирување и толерантност, одбивање на границите и делбите, да ја види како реалност на земјата, регионот, на народите кои имаа долга историја на страдање.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
XXVI
Долго време Елен Лејбовиц на еден брилијантен, можеби единствен можен начин, за кој долго време се прашував и никогаш не најдов одговор со што го бев заслужил, го бранеше постоењето на мојата балканска сага, живееше со проблемите на моите јунаци, со смислата на нивното книжевно и можеби реално продолжување, ја бранеше нивната книжевна одисеја во Европа, потоа ги бранеше земјата (поточно земјите на авторот, како што таа нагласуваше) и авторот на сагата во времето на конфликтот во Македонија во пролетта на 2001 година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Се враќав кон Картагина од дипломатскиот лов на туни. Во далечината ги забележував картагинските урнатини, крај извишените палми.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)