И извонредно добро ја сфатив потребата дека при донесување на важните животни одлуки не учествува само срцето, туку разумот и прагматичниот дух.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Каде се тие точки во денешното општество во коишто соучесништвото не се чита како такво, каде што одлуките не се гледаат исклучиво како политички или аполитички, туку како избор?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Моите состаноци, записници и одлуки не се учество. Тоа се маневри во мрак.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Според ЗТПОК од 1993 година, акциите, односно уделите купени со попуст не можат да се отуѓуваат, односно пренесуваат во рок од две години од денот на купувањето (чл. 26, ЗТПОК), додека според претходно важечките одредби, со интерните акции не можеше да се тргува на пазарот за хартии од вредност, но можеше да бидат пренесени, освен ако со посебна одлука не е поинаку предвидено (чл. 1a и 1и, ЗОК/89).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во тренд се новите медиуми, новите технологии, новите и побрзи методи на пренос на информации, демократизација на технолошкиот раскош, диверсификација на пристапите кон дигиталните мрежи, стандардизација на форматот на податоците, умножување на умрежените односи - во тренд е тие предности да го помагаат спроведувањето на новата ера обележана со поголема приватна слобода, зголемена интерперсонална комуникација, ублажен товар да се репрезентира, нови перспективи за проблемот на телото, како и поголем избор за потрошувачкото општество, можности за слободно изразување без исклучоци, а над сè, тие ни овозможуваат брзина.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во моментот на носењето на одлуката не можеш да знаеш дали е таа правилна или не, дали си згрешил или не, затоа што во тој момент не ги знаеш последиците во иднината, ниту, пак, можеш да го вратиш времето во минатото за да ја промениш одлуката.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Овие одредби ќе се применуваат и кога во текот на постапката пред советот ќе се променат околностите или тужителот ќе го намали тужбеното барање, така што спорот би требало да го суди судија поединец. 178 Ако советот донел одлука за спор што требало да го суди судија поединец, оваа одлука не може да се побива поради тоа што одлуката за спорот не ја донел судија поединец.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)