однесување (имн.) - е (гл.)

Најтешка ѝ беше осаменоста во текот на ноќта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но само со ментално здрава емоција сме способни за слободен избор.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На крајот на краиштата, и самите доктори ѝ велеа дека нејзиното однесување е нормално за сите што се нови во санаториумот, а потоа, порано или подоцна, сите се адаптираат на животот во заедницата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секое однесување е поттикнато од чувствата, емоциите, внатрешните сили.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)