однесување (имн.) - во (предл.)

Секое утро мислата го поздравуваше новиот работен ден со „Е стварно го претераа, ќе им се качам горе да се разбереме на што личи ваквото однесување во една реномирана и културна установа каква што е нашава.”
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Повикувањето на овие атрибути на умот е конститутивно за интенционалистичкото објаснување на сфаќањето и применувањето на правилата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во која смисла ние безнадежно заталкуваме кога го интерпретираме нашето однесување во согласност со овие категории?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Какви се сознанијата од внатрешни за неговото однесување во нашата земја? - повторно се вмеша во разговорот секретарот Зафиров.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Американската страна му подарила на секој студент сапун, пешкир, деодоранс и ливче со инструкции за однесување во Америка.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Ајде, батка, спушти ја топката. Заборави! Ништо не реков, ништо немам против жената. Земај слободно од ќебапчињата. Уште се топли.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Поверојатно беше дека се обидуваше да ме вразуми заради моето недоветно однесување во кое не постоеше речиси никаква почит и тоа во ваков, да го наречам со обични зборови, скрбен момент.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да имаше можност да го слушнеш веројатно и ти ќе заклучеше дека моето однесување во овие моменти не е по мој избор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се чини навистина нешто не е в ред!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека бевме во Бањи беше спомнуван татко му, Иван потпрашуваше, но овде, во градов, не верувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Добро, кај водениците и во Бањи со Иван разговаравме за сешто, но овде, во градов, разговаравме најмногу за школувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На Иван му ветив дека лично ќе се заземам околу префрлувањето на пензијата на мајка му на негово име, а му ветив исто така дека ќе се распрашам под кои услови може да добие и стипендија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еве, и пред тебе ќе ги повторам сите поединости од моето однесување во врска со настанов, и тоа по редоследот на случувањата! А ти, ислушај па пресуди...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Едната се однесуваше на степенот до кој тие беа способни да ги избегнат таквите форми на однесување во тек на поголемиот дел на интервјуто.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Потоа баравме потпорна точка, основа на обидот за промена на нивниот однос и успеавме да откриеме неколку области на однесување кои не беа под доминација на спротивставувачките форми на однесување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Зашто дрегот, барем во една негова пројава, како што укажува Њутн, „симболизира дека видливата, друштвена, мажествена облека е костим, кој, пак, симболизира дека целото однесување во сексуална улога е баш улога – настап.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најголеми добитници од овој тренд да се претставува културната различност како невина и безопасна разновидност се оние маргинализирани групи што сè уште го носат тешкиот товар на некоја стигма и чие однесување во јавноста, затоа, и натаму предизвикува силна и широка одбивност: Афроамериканците кои си го зборуваат црнечкиот англиски во белечко друштво, геј-мажите што се бакнуваат на улица, буч-жените што заземаат лидерски улоги и наметнуваат авторитет над мажите или лицата со посебни потреби кои со тешки маки и упадливо се трудат да совладаат некој простор што не е скроен за нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дека успивањето не е само причина за фалење и за неконвенционално однесување во социјалната средина, зборува примерот со брилијантниот студент по медицина од Британија кој се успал на испитот по Физиологија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На секое ниво од овој ланец, т.е во рамките на секој ранг, човечките компоненти се мошне хомогени: процесот на издигнување низ ранговите бара извршување на операции на сортирање, што резултира во помалку или повеќе униформно однесување во рамките на секое ниво.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Беше неизвесно што сака да постигне со ваквото однесување во животот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Немаше детство, никогаш не беше млад.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Одбивајќи човекот да го одвојат од фактите што го детерминираат, трагајќи по вистината на неговото битие и по клучот за неговото однесување во силите кои - како јазикот, расата, историската традиција - управуваат со него а тој самиот за тоа и да не е свесен, тие утврдуваат дека Алзашаните зборуваат германски и дека културата им е германска.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Приказна е лингвистичка единица на координирано социјално однесување во тек на времето.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Превидувањето е разбирливо, зашто дојдов на уверување дека за Дишан било важно врската со Жари да ја држи во тајност, и дека неговото однесување во тој поглед фрла светлина на целата мистериозно-измамничка поза која тој ја негувал, толку поетично собрана во делото од 1959, With My Tongue in My Cheek (Со мојот јазик на мојот образ3).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Од постмодернистичка перспектива, на сите тие свесни и несвесни форми на продукција и однесување во иднина им е потребен редизајн.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
За мене нејзиното однесување во мојот дом не беше вкусно.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Не беше одушевен од не­го­вото однесување во проповедницата неколкуте пати кога го гледаше.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Два или три килограми повеќе неможат да нè нагрдат - уверливо тврдев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А згора на тоа листот не ѝ го донесе којгоде туку лично другарот Ѓорѓи Смокот, оној поединец кој според своето умеење, иако по наредби што доаѓаа од повисоките фактори, воведуваше дузини и дузини промени и правила на однесување во нашиот нов живот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Значи таа не беше во тек со авантурата во која се беше упатила.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ваквото нејзино однесување во најмала рака ми се чинеше чудно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не поради опасноста од создавање правила што ќе нѐ разделуваат во нашето однесување во исхраната туку затоа зашто нејзината загриженост ја сметав за неоправдана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Секое самоволие и неодговорно однесување во ваквите Уреди паѓа главно на грбот на незаштитените и послушните.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но не со намера да го укорам заради непристојното и по малку загадочно однесување во оној дел од неговата приказна што се однесуваше на спомнатиот волшебно розов облак, туку за начинот на кој настојувал да се изземе себеси од секое можно сомневање па дури и од недоразбирањата што би можеле да се појават во врска со нив.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Или збираш податоци за моето однесување во врска со несреќниов случај?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во моето сеќавање сè уште се движеа необичните слики од сонот а помеѓу нив можев да ја распознаам и решеноста дека во мене воопшто не се јавува желба да обвинам поединци, или да сочувствувам, а ако е потребно дури и да страдам поради моето однесување во тој проклет сон иако во него се најдов не по своја вина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да ја прошириме малку цепнатинката на светлината: првите размислувања во врска со моето сомнително однесување во текот на изминатата ноќ се појавија утринава, во моментот кога се соочив со изненадата на будењето.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не, не беше во прашање нејзината лична пониженост поради ова недоветно однесување во врска со постапките на оние Радулевци отспротива.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Тоа беше и твој грев Семјон!“, му реков кога останавме сами.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не! Неговото однесување во врска со смртта на Ролан Јаковлевич никогаш не му го простив! Никогаш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Кое?“, ме прашува. “Мислиш на она, околу смртта на Ролан Јаковлевич! Заради тебе постапив така“, ми вели тој.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Може ли да им го посочиме позитивното однесување во Кочани“ рече Влатко - „крајбрежието на Кочанска Река како цветното шеталиште.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Имав впечаток дека Х.Х. упорно и доследно ја реализира програмата на тајната полиција односно Централата за моето однесување во Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Брзо го измени пред малку љубезниот израз на лицето во зака­ну­вачки: јас сум ги минал сите граници на однесување во Атеистичкиот музеј, а посебно катастрофално било моето однесување во кафеаната.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И тој мора да поднесе извештај за моето однесување во арената.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Стравот е емотивен облик на признавање на поголема моќ на нешто или некој друг и убедување дека другиот може да ни нанесе лошо, од што не можеме да побегнеме.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Може да предизвика толерантно однесување, но неговата причина е само негативен облик на доброто, избегнување на казната.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Стравот од казнена санкција не може да биде психолошки мотив на толерантно однесување во моралното значење на зборот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)