Можете да бидете обвинети и за сурово однесување со животните.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Неговите пријателства, неговите забави, неговото однесување со жена му и со децата, изразот на неговото лице кога е сам, зборовите што ги изговара в сон, дури и карактеристичните движења на телото, љубоморно се испитуваат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Не поради тоа што тој „страдал” од тоа, туку затоа што ги „улови” знаците на тој феномен и создаде изворна слика, правејќи од договорот еден темелен знак и поврзувајќи го мазохистичкото однесување со положбата на етничките малцинства и со улогата на жените во тие малцинства: мазохизмот така станува чин на отпор, неодвоив од некаков тип на духовитост на малцинствата.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Таа можеше подолго време да ја поднесе неговата молчаливост без да се почувствуваат напнати и потиштени, но сепак се чинеше дека тие го изменија своето однесување со некаков вид застрашувачки предзнак, еден вид на очекување дека нивната љубов, нивниот брак и бебето, кое беше на пат, не само што нема да се исполнат, туку дека тоа е само подготовка или вовед за нешто многу покобно.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Ми кажуваат, меѓу селаните се забележува сѐ поголем бес и дрско однесување со ќаите и агите. Вистина ли е тој милет толку пис?“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Ме потсетува на еден поодамнешен руски воспитувач и писател кој ја има напишано книгата „Педагошка поема“ за начиниот на однесување со бездомните деца во поправните домови.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Сè беше на своето место и секогаш брзаше со своите услуги според потребите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дури и во однесувањето со омразата не почувствував потреба за некои промени.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Размисли малку за ова... Размисли и за твоите постапки и однесувања со другите деца во одделението.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Можеби пред сѐ заради она негово доверливо однесување со странката.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)