Казнени одредби Првата промена поврзана со казнените одредби беше направе- на во октомври 1992 година.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но, во праксата, оваа одредба беше и сѐ уште е изигрувана, првенствено од страна на приватните работодавачи, кога тие ги тераат работниците да работат и во сабота и/ли недела, а тоа не се евидентира никаде – при што користа што на овој начин ја стекнува работодавачот е отприлика работа од 24 до 32 часа месечно по работник, којшто овие „бесплатно“, а de facto под присила, му ги „поклонуваат“ на работодавачот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Понатаму, по само двегодишно важење, од законските одредби беше отстранета одредбата за задолжително вклучување на претставник на вработените лица кај должникот во одборот на доверителите, кој одбор сега го формира стечајниот судија, наспроти претходно, кога го формираше стечајниот совет (чл. 38).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Предвидено беше и тоа дека, во случај да работат повеќе од три години, за годините навршени по овој период, на овие лица ќе им се пресметува пензија во висина од 1% за секоја година помината на работа, од пензиска основица определена од платите, без валоризација (чл. 3), но оваа одредба беше укината од страна на Уставниот суд во 2008 година. 6 Неколку месеци подоцна, овие промени беа и целосно укинати со усвојувањето на измената и дополнувањето од 24 декември 2008 година (чл. 1, 5 и 10, ЗИДЗПИО/24.дек.08).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)