I. Прво, споменот на сѐ што се случи на едната и на другата страна од почетокот на месец март 1585 до нашето доаѓање на престолот и за време на другите претходни нереди и за време на овие, да биде збришан и згаснат, како нешто што не се случило.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Од овие причини, откако според мислењето на владарите од наша крв со другите владари и почитувани од нашето кралство и другите важни и угледни лица од државниот совет што беа присутни, добро и совесно ја разгледавме и проучивме цела работа, со оваа изречена, прогласена и наредена конечна и неотповиклива одредба изјавуваме, прогласуваме и наредуваме:
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
И на нашите највисоки државни тужители, ниту на кое и да е друго јавно или приватно лице тоа нема да им биде возможно или дозволено, кога и да е или во каква и да е прилика тоа да се спомнува, обвинува или прогонува на кој и да е суд или судска власт.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)