Законодавецот се обидел да ја санкционира и одмаздољубивоста на помоќниот in concreto, пропишувајќи дека поради поведување постапка за правна заштита од мобинг, како и сведочење во текот на постапката, на вработеното лице не може, на посреден или непосреден начин, да му се влошат условите за работа, односно не може да биде ставен во неповолна положба, посебно со намалување на заработувачката, преместување на друго работно место или спречување на напредување или стручно усовршување – т.н. деградација и/ли стагнација (чл. 2, ЗИДЗРО/септ.09); 23 в) во оваа група на антидискриминаторски одредби спаѓаат и оние кои се поврзани со кандидирањето и селекцијата за одредено работно место.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со ваквата формулација законодавецот преку „објективните причини“ остава преголема легална рамка за понеповолен третман на онаа категорија работници која има засновано работен однос со договор на определено време, бидејќи никаде во законскиот текст нема дефинирано кои причини би се сметале за „објективни“, што во пракса би можело да доведе до негативни импликации по правата на работниците, посебно што ваквата формулација напротив, би можела субјективните преференци на помоќната страна (работодавачот) да ги манифестира како клучни при детерминирањето дали во конкретниот случај станува збор за „објективен исклучок“ од забраната за дискриминација; в) во оваа група на антидискриминациски одредби спаѓаат и одредбите кои ја регулираат експлицитната забрана од дискриминација на работничка по основ на бременост, раѓање и родителство кои припаѓаат на т.н. „ранлива категорија“ работници, која ужива посебна заштита.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)