Сето тоа во душата на човека налева радосни чувства, но тишината, ох, таа, дебела и напластена, без луѓе, без овчарски свирки и довикувања во гората, без момински одзив преку песни и смеа од градините, од бунарите и чешмите, без думани прав од гојда кои се враќаат од паша по Голем Пат, разбудува помисла за тоа колку многу човек е поводлив, кревок и неотпорен спрема сè она, убаво, што се случува надвор од него, во природата, додека останува беспомошен да влијае на својот сопствен живот - не успева, или не му е дадено, или не му даваат, само да го одреди неговиот ток, па се џари во празно со насолзени очи низ самракот, и му се причинува дека тука некаде, над него и околу него, во воздухот, притаено чукаат срцата на отидените ближни, на самовилите, на легендите и преданијата, на војните и војводите, срцето на животот што беше, што се закоренил некогаш одамна тука и се ископачи, па му иде да отрча на Молитвена Вода, да се плесне пред кладенецот и да нададе глас, не против непревдите што му се сторени лично нему, туку против неправдите што му се сторени и што му се прават воопшто на животот... ...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тогаш, до пред десетина и повеќе години, во лето, и додека сè уште не беа раштркани по градиштата и низ светот, жителите на Потковицата излегуваа да спијат надвор, во дворовите, под отворено небо.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се спуштаат тие по трње низ гранки камењари со товарот тежок на зграгореното време по сенката дур им се влечат со чекор премален и сончевото пладне и дождот на неверната пролет Патот негов е долг со пробудените гори во згаснатите очи низ мракот устремени кон солзите на таа што пазувата за навек му ја дари Се враќа сега поетот од домот негов пресен кон старата стреа на ридот во забрзаните води ликата што му ја бара и сенката сал му ја помни И на тој дален пат го придружуваат сите со замолкнатата песна што не знае да молчи и што кон биднината сонувана го води Недооден пат на тагата Воздишката на пролетта го следи кон хоризонтот на незгасливиот збор Се развева тој во замав нов како семе упатено кон отворените предели на надежта Враќање сега е тоа по свршената работа на смртта во часот глув Попусто на ништото таа песната да му ја предаде сака со процесијата тажна на прагот на муграта што огрева
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Старице, ме гледаш со сините очи низ топлата пареа од витлерите на твојата седа коса -такви ми се очите од раѓање; Го пушташ твојот јазик и гледам ќе ме прашаш, низ прозор не умеам да гледам а колку ѝ е чудесен тој на девојкава до тебе; Избрчкана рако, помрднуваш кон мене не ти се моите очи мета на кому кому како што ли ни смета?
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Шеташе со очите низ неа и се загледуваше во цвеќињата и дрвјата, во прекрасната глетка, како господ во мигот кога си го создал светот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Шета Богдан со очите низ одајата, ја гледа светната и исполнета со воздух и сонце.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Шета со очите низ собата, го задржува секој предмет со погледот како да се простува од него.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога отец Иларион излезе и ја заклучи вратата, Бонети се разврте со очите низ дворот, и откако се увери дека нема никој, отиде кај ќелијата, се наведна и го залепи окото на клучалката; ја виде Смилјанка легната на постелата гола; осветлена од прозорчето прилегаше на бел цвет врз темна вода; ги држеше расплетените коси на градите и ги виткаше на прстите; над неа во камарата стоеше иконата на св.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кога некој да го повукуваше оддалеку, од шумата околу манастирот на светецот во неговите раце ... исти красти не струпјосувале, на ист лишај планинските места глекави ни капеле, суша очи низ 'ржена сламка ни пиеле, сме биле, вечнаја памјат ни, пепел е зад нас ...
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сандри се стресе, зашто помисли дека бегот видел како тој досега само шараше со очите низ одајата, и особено кон вратите што требаше да се отворат за послужувањето.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Застана на прагот забајден без да знае што станува со него, се поприбра малку и ги овргали очите низ порта.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Прифаќајќи го визионерскиот речник на големиот Жан Моне, еден од татковците на модерна Европа со нашето будно око низ парадигматичната логика оставајќи илјадници збиднувања вчера со желба и конструктивно заедничко денес... „Господинот Европа“ - Жан Моне, на стариот континент, Москва, Вашингтон, Токио, Пекинг, Њу Делхи, ги откри патиштата кон трајниот мир лулката на светска цивилизација, потиснувајќи го вечниот полигон, гробница на човечки надежи...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Ете, сега е тука, во тој прекрасен пејсаж, со месеци сонуван, посакуван, далечен, недостижен, мирисен - трча низ ливадата... не, денес нема да ѝ попушти на Јана... тој ќе втаса прв до крајот... до реката... до тополите... трча со подмижени очи низ синозелениот акварел... трча небаре низ сон, кога ти се раскрилува душата, па си лесен... лесен... не, не гривест коњ... трепериш во воздухот помеѓу земјата и небото - како вилино коњче трепериш...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Токму време кога не смее да се минува со отворени очи низ несреќите.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Таквото езеро го привлекуваше човечкото око низ историјата: на Римјаните кои овде го изградија патот Виа Егнатиа и го основаа градот Лихнидос, на Византијците, на православните, кои направија од Охрид доминантно место во својата сфера на влијание.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)