Сега, само да ја подотворам средната фијока од моето биро, веднаш ќе ви падне в очи иста таква шупелка.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Цело време ја учевме молитвата, а таа почнува вака: „Патер имон...“ – тогаш дедо се искашла, јас го погледнав и во неговите очи ист укор како пред неколку недели. Не продолжив, зашто ја заборавив.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Малечката Пелагија сериозно чекори меѓу нив двете, ама дека срценцето ѝ е полно со радост кажуваат нејзините очи исти како сината срча на небото кои ту се лепат на одвај видливата насмевка на мајка Перса, ту на сериозното лице на мајка ѝ која како да води некој безгласен разговор во себе.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)