Тој гледаше во неа, го голташе со црните очи нејзиното тело, потоа нејзиниот предизвикувачки лик.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Блажена беше ноќта во нејзините прегратки... посјајна од сонцето потивка од месечината потрепкава од ѕвездено небо Јас и Таа романтичен отсјај во машкоста нежност во нејзината женственост Ме погледна,со задимен поглед што подсеќа на љубовна романса без зборови,само со очи нејзиниот поглед кажува сѐ.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Значи, според она што го видов во просторијата каде што се втурнав неочекуван од никого не можев да откријам ништо повеќе од она што го наслутував: во канцеларијата беа сите тројца, и уште оној несреќник Грофот, за кого само ќе речам дека се стаписа кога ме виде токму мене и згора на тоа со револвер в рака.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Чекор , па повтор чекор назад, не дозволува помин, очите нејзини ме демнеат и пазат.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Јана беше прилегната на другиот крај од софата и немаше да ја забележам ако не ми паднеше в очи нејзиното арогантно однесување; госпоѓата воопшто не ме забележуваше ниту пак беше изненадена од моето присуство.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Треба да си рече оти од нас помош ќе нема, така што почнаа во очите нејзини еленски да ѝ навираат солзи, ѝ навираа така солзи и очите ѝ се полнеа како дупчиња во карпа кога се преполнуваат со вода дождовница и кога ѝ пребликнаа, солзите почнаа да ѝ се ронат од очите и да ѝ течат како на тетка Божана кога ѝ умре детето нејзино Миле на петгодишна возраст.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)