Ич не ме чекај, ич не ме пекај Белград е ламња, во Белград ја роб, снага по туѓи палати оставам, снага во усти несити клавам, и дома - дома не ќе се вратам, не ќе ги пијам очите твои не ќе ја галам снагата твоја - далеку негде сувата рака по тебе, Вело, пустата мака пуста ќе остане...
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Ако те исклучиме тебе што постојано си ја гледаш пред очи твојата Атиџе, такви будалетинки има уште многу на светов, но еден од најголемите и секако најславен е Данте Алигиери.”
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Очите твои ме гледаат со чудна боја... а јас само са плашам од смртта на мојата душа зошто љубовта не може да те рани и да ја убие душата на почеток, туку тивко, полека. дел по дел. во секоја минута од твојата неприсутност, ја одзема и ја носи некаде далеку.... дел по дел. во секоја минута од твојата неприсутност, ја одзема и ја носи некаде далеку....
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
3. Распосли си го окото -
мојата љубов сака да патува
мојата љубов сака да залута
да се врати, да нѐ спаси
мојата љубов сака
Во предградието на твоето око
трепките си поигруваат есен,
отвори, патникот кој чука е љубовта
ќе влезе за да побегнеме од времето
меѓу градите отсекогаш сум носела виделина
окото твое отсекогаш ме барало мене -
разбуди го, ноќва како на сон те сакам,
погледни ме, љубовта да ми патува...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Очите твои се гулабови под твојот превез; косата ти е стадо кози, кога слегуваат од Галафската гора; забите твои – како стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња и јалова нема ниедна; усните твои – како алова панделка, а устата твоја слаткоречива, со јаготки на лицето како половинки од калинка; вратот ти е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ти се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; Таа: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; Тој: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И дојде, тој, но очите твои не го препознаа како ангел црн, туку како бел, како што очите мои не го созерцаа нечестивиот во видението што ми одзеде чест, име и почест.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)