Јас се скрив кај некои камења и повторно слушнавме наредба да се подготвиме за нож до коска, а тоа ми беше морничаво.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Како дар на времето, да се паметува, тие, војските, и горе над шумата и долу во ливадите, оставија мноштво окопи кои и ден-денеска полека се затрупуваат од ветриштата кои дуваат од север и од северозапад, од кај Прилеп и од кај Крушово, направо низ влезот на Потковицата, и од наносите на пороите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По кусо време тргнавме надесно, се закопавме во еден окоп кој беше како езеро, во него до колена кал, зашто многу врнеше.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)