Попладне одеше по куќите и таму ја нудеше својата стока, а благодарејќи на авторитетот што како сиромашен но чесен човек во општината го уживаше татко му, Јаков со своите производи ги снабдуваше и битолските синагоги и некои од еврејските здруженија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ако се согласувате со планов, вели повторно исправајќи се во столчето, да ви кажам уште и тоа дека за начелник на општината го предвидуваме Костадина Дамчески, за учител Јосифа наш Акиноски, а за свештеник, за некое време и а да се полакомат Грчиштата, Хаџи Ташку, па да го потпишеме писмото и да си отидеме по дома.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Точно пред година дена, се сеќава Мертен, во центарлната команда самиот Фирер ги собра првите луѓе на рајхот и иднината на грчките Евреи беше определена, особено судбината на големата еврејска заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Кому може да му користи тоа што двајца агенти на Гестапо во централната зградата на еврејската општина го влечат до тоалетот, заменикот на главниот рабин Хаим Хабиб, оној сериозен и скромен човек, кој да не беше Евреин, ќе беше уште и симпатичен – и како тоа да не е доволно, го исмејуваат и над Тората го тераат да одговара на нивните потсмешливи прашања за законот „заб за заб, око за око”, додека еден офицер на улица запрел некаков рабин, го однесол дома и му ја избричил половината од брадата и така го пуштил да излезе на улицата...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)