Го закопавме со ордените на Тито, часовникот со синџирче, лулето, паричникот и руската шубара што сѐ уште ја барам на закачалката во станот во Ѓорче Петров, последниот дом што дедо ни не го доби од Сојузот на борците.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ама и како да не беше гроб туку некоја мермерна трпеза околу која беа наседнати дебелкави и дебели тркалезнообрзани луѓе, сите облечени повеќето во униформи, со тешки ордени на градите, со златни колани и позлатени гранчиња на капите.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Донски продолжи да чита иронично: Со одликувањето со Орден на трудот, на нашиот трудбеник ќе му се даде целосна сатисфакција за неговата досегашна работа, како и поттик за нови успеси на полето на архивистиката. Смрт на фашизмот - Слобода на народот!
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во рацете на Нуне, на пергаментен свиток, двојазично беше запишано: „На блескавиот ум, поетска проникливост, научна аналитичност и храброст во верувањето и докажувањето на „Пакс-верс теоријата“ за мирољубивото решавање на маалските ненавидности и кавги, меѓународните омрази, меѓудржавните судири и војни, му се доделуваат ордените на Волкашин Нунески, поетото и изумителот од с.Варош, околија прилепска, во земјата македонска.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ај што го смета татко ми, демек дедо ѝ, за будала; ама и мене, што сум зела маж генерал без војска, нареден со ордени на градите и со прави бразди на мозокот, кого ако го прашаш за Крива Паланка ќе ти го покрие со палецот цело Мариово, а кога ќе му го побараш Мртво Море од Арабискиот Полуостров ќе направи мрвка за под ноктот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)