Не стигнувам ни да помислам што јас, малечкото девојче, од својата мирна крајбрежна променада, барам тука, на највисоката карпа, кога притисната врз врелата острина на каменот, ме облева еротското задоволство.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Понекојпат двете црти здружени со острината на нејзиниот поглед, значеа укор за нешто, но и тој гест можеше слободно да се препише на перфекционистичката особина.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Полека и недоверливо стануваше одомаќен: острините на неговиот акцент од Бронкс беа измазнети и омекнати до оттегнат изговор, откри дека ‘белата громова’, чиста или мешана со што и да излезеше од тогашниот војнички апарат за пијалоци, е на некој начин исто толку задоволителна како скочот со мраз; сега ги слушаше локалните групи во баровите во соседните гратчиња, толку често како некогаш Лестер Јанг или Гери Малиган во Брдленд.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
И тогаш мерејќи ја големината на љубовта и стравот што ми ја здрвуваше крвта ја измерив и острината на сечилото за птицата во нејзиното грло.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Острината на чувствата и мислите сѐ повеќе ги губат своите граници, ги затапуваат своите рабови, потонуваат едно во друго во една неодреденост.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Беа секогаш оние северни ведрини, од кои мразот преку ноќта се стегнува како кремен, за некаде веднаш попладне само штом ќе почнат да капат капавиците, а веќе светлооката острина на цибрината ги маѓепсува со погледот на своите бели ѕвезди, и само мранзулите по стреата и по ветките ќе стасаат да пораснат надолу уште за една педа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И наеднаш белата мека небеска шир ќе ја собереше како во еден здив и ќе ја наредеше на еден единствен стог на хоризонтот, оној северен ветер, а од средината на високото, крвјосано небо ќе зинеше со сета острина на своето срчено око северната ведрина- цибрината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
До проширување на опсегот на здравствената контрола на 95 која мора да бидат подложни работниците дојде со изменувањето и дополнувањето на ЗБЗР од 19.02.2013 година, според кој здравствениот преглед на работниците опфаќа и анамнестички податоци, статус по системи и антропометрија, односно тука се мисли на проверка на телесната маса, телесната висина и индекс на телесна маса, основни лабораториски анализи и тоа седиментација, крвна слика во која проверка спаѓаат еритроцити, хемоглобин, хематокрит, леукоцити, гликемија, холестерол, триглицериди, урина, шеќер, протеини, билирубин, уробилиноген, седимет, испитување на функција на видот како што е острина на видот на далечина и во близина, аудиометрија, спирометрија, ЕКГ, како и радиофотографија на граден кош која контрола се спроведува само по одлука на лекарот. (чл. 1 од ЗИДЗБЗР/19.02.13)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во бројни текстови тој ги објаснуваше корисностите што ги нуди таквото зазеленување на фасадите: 1. стеблата произведуваат кислород 2. подобрување на микроклиматските услови (во градот и становите), бидејќи се намалува острината на климатските промени (топло-ладно, влажно-суво итн.) 3. задржување на ситниот песок и сличните нечистотии 4. смалување на уличната бука 5. скриеност од надворешни погледи 6. сенка во топлите месеци, пропуштање на светлина во ладните (токму затоа „дрвата-потстанари“ се листопадни дрва, кои во зима оголуваат и овозможуваат поголем проток на светлина низ крошната) 7. можно е доаѓање на пеперутки и птици, значи радост при враќањето кон природата 8. симболично покажување на новиот однос кон природата - за разлика од кровните градини, „стеблата-подстанари“ се видливи и за минувачите.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Никогаш нема да ја заборавам; првин, ноќта како да распукна пред острината на пиринскиот врв, потоа пак сѐ поцрне, за да се искапе, малку потоа, снежниот врв во белината што почна да паѓа низ него, како превез низ снагата од мома.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)