отисок (имн.) - од (предл.)

Единствен услов му е да биде добро и редовно хранет и да не го надразни близината на менструалната крв, особено кога дожди, и водата го плакне закорениот отисок од почвата кон прагот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Траги од пет прсти, како отисок од рака. Кирооотеериум! Ратататата!“
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ја жулкаше рачката како да ги жулка отисоците од рацете оставени од неговите изумрени, како да ги допира самите нив, нивната душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Улица каде нашиве славни фаци, исклучувајќи ги политичарите, ќе можат да остават отисок од дланките.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Потем помолче и рече: „Затоа планината се урна кога се обидов умножение да сочинам, отисок од првиот збор, кој беше јас; оти гневот Божји се јавува кога некој лажно јас зема за свое, како Дариј што направил со она јас што му припаѓало на Соломона!“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На третиот ден остана да се сочини само уште отисок од првиот збор, за кој Филозофот претпоставуваше дека е јас, а клучот за тоа јас беше потписот од крајот на текстот, што прв беше умножен, и што според уката на Филозофот значеше: Дариј.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Филозофот ја собираше водата од карпата, правеше кал и потем, од калта сочинуваше плочки меки; потем се качуваше во кошницата што беше висната над бездната; од кошницата, исправен, на прсти од нозете истегнат, со прсти од рацете сосема испружени, со крајни сили ги лепеше калните плочки врз првиот ред и добиваше отисок од сочинението.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И еден човек, човек без душа, човек без срце, без милост... само со глава, очи неверни, злобни и една младост распукната, младост замрена, и отисоци од црвени траги...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Џорџ Смит зјапаше наоколу, оставајќи отисоци од стапки врз песокот на линијата од брегот. Го здогледа човекот пред себе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Да, таа е тешка и за мене, но таа е некој вид имагинација од моето...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа е бушидо фигура. Кога вели дека е уличен самурај, таа мисли прилично буквално. Го има тој код.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ТЛ: И водејќи љубов, таа вели... ВГ: „Без отисоци од прсти“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)