Ако, пак, се направи споредба со одредбите од Законот за јавни претпријатија, кој се однесува и на јавните претпријатија кои стопанисуваат со шумите (чл. 2, ЗЈП), ќе се заклучи дека одредбите од ЗШ предвидуваат поедноставна процедура за отпочнување на штрајкот, додека во однос на останатите обврски кои им се наметнуваат на работниците кои штрајкуваат не постои некоја позначајна разлика помеѓу овие два закони.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Убедена во точноста на формулата, македонската влада во 2007 година еуфорично го најави отпочнувањето на новата кампања за привлекување странски инвестиции под карактеристичен наслов: „Инвестирајте во Македонија – нов бизнис рај во Европа.“
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Потоа, тече рок од 15 дена во кој страните се обидуваат да изнајдат решение по што, ако нема позитивен исход на преговорите, синдикатот или штрајкувачкиот одбор може да донесе одлука за стапување во штрајк, која се должни да ја достават до директорот на јавното претпријатие најмалку 7 дена пред отпочнувањето на штрајкот (чл. 32, ЗЈП).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Невработените лица можат да го остварат ова право доколку достават доказ дека пред отпочнувањето на вршењето на дејноста не биле регистрирани за вршење на дејност на свое име или на име на членовите на неговото семејство (брачен другар, деца или родители) (чл. 11).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)