Зачудено гледале младите и старите, се возбудиле мачките и птиците, се разбранувале тротоарите, се исплеткале улиците, телефонските жици се испокинале, се занишале осумкатниците, прозорците зинале на сите довршени и недовршени згради, на еден фабрички оџак му дошло студено - чадел, веќе нема да чади - и паднал во несвест од зачуденост.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Само пувка, искри расфрла, оџак му стана устана.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)