Вози, вели со цела брзина и немој да го жалиш џипот и бензинот. Народната власт е затоа, за да дава.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Левата рака високо обесена. Од папокот надолу - угол гол.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Торзото е изненадувачки женствено за шеснаесетгодишно девојче, можеби поради водата што ја натопува кожата со мазност, така што изгледа дека од папокот надолу започнува друго, податливо тело на созреана жена.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Ајде, ајде, - со смирен глас рече Јован и ѝ даде знак на болничарката да си оди. – Јас ќе ти помогнам.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)