папок (имн.) - ќе (чест.)

— Море, ќе го изгорете селото, бреј, папокот ќе ви гори!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ами тоа кучило туку вреска! „Вјау" се дере, папокот ќе му извресне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ами ако не беше станат аскерот, шо ќе станеше денеска?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога се врати со котелот, позастана на вратата и слушна дека нејзиното Толе плаче та „папокот ќе му извресне", и место да го крене стрина му Митра, Доста чу со своите уши како Митра му нададе триста и триста клетви полоши и пострашни од оние што ги мислеше во себе кога и нарачуваа нарачниците на Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)