Книгава нема за цел да се натпреварува, на пример, со книгата на Џоел Дерфнер Женче: Мојот поход да станам најгеј- човекот на сите времиња и што стана наместо тоа; со книгата на Доналд Ројтер Гејдар36: Врховен инсајдерски водич за шестото геј- сетило; со книгата на Кети Криминс: Како хомосексуалците ја спасија цивилизацијата: вистинската и јуначка приказна за тоа како геј- мажите го обликуваа современиот свет; со книгата на Кевин Дилало: Неслужбен геј- прирачник; со онаа на Џуди Картер: Хомоприрачник: како да стапиш во контакт со сопственото внатрешно хомо: водич за опстанок за лезбејки и за геј- мажи; со онаа на Френк Браунинг: Културата на желбата: парадоксот и перверзноста во геј- животите денес; со онаа на Даниел Харис: Подемот и падот на геј- културата; со онаа на Берт Арчер: Крајот на геј и смртта на хетеросексуалноста; или дури и со веќе класичниот преглед на Мајкл Бронски: Судир на култури: создавањето на геј- сензибилитетот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Да бидам искрен, го насетив парадоксот
и добив желба да направам
- и јас, недостоен раб Божји -
свиден и битен пресврт
што сликарски, што духовен!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Уште од „основната криза” - значи од теориите на Ајнштајн, Хајзенберг и Гедел - што е засилено и со поновите настојувања на теоријата на катастрофата и истражувањето на хаосот, или теориите за фрактали - самата наука ни кажува дека светот е окарактеризиран со плуралитет и хетерономија, дека парадоксите и паралогиите можат да бидат многу попристапни за негово осознавање од едноставните дедукции, дека реалноста сѐ на сѐ не е хомогена туку хетерогена; дека не е хармонична туку драматична; дека не е единствена туку диверсивна; накратко: поседува „постмодернистички“ дизајн.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)