Не е чудно што затоа авторот бара паралела во развојот на генетиката и тоа во смисла, „можеме да ја прочитаме сегашната несреденост на уметноста како кршење на скришниот естетски код, слично како што можеме да го набљудуваме кршењето на генетскиот код при одредени биолошки неправилности“. 42 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Жари се појавува во огромниот дел од текстовите за Дишан, во кои одвреме-навреме критичарите изнаоѓаат паралели во размислувањата на овие двајца автори.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Аполинер беше напишал и една драма за хермафродитите, Les Mamelles de Tiresias, истата, 1917 г., кога Duchamp го направи Apolinere Enameled.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
На дното на таа репродукција ги беше испишал буквите L. H. O. O. Q. кои на француски можат да се изговорат како Elle a chaud au cul (Таа има врел задник).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Иако Duchamp драмата не ја видел бидејќи таа за прв пат е прикажана на Монмартр во јуни 1917, за време на неговиот престој во Њујорк, интересно е да се забележи дека некои ситуации од таа драма наоѓаат паралели во Duchamp-овите дела од тие години.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Бидејќи сите овие тенденции немаат повеќе ништо специфично, лесно можат да живеат во ист културен простор.”
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Помеѓу Леонардо и Duchamp има многу интересни допирни точки: обајцата се синови на бележници; бројот на сочуваните дела и на едниот и на другиот е мошне мал; главните дела се оставени недовршени; обајцата беа мошне заинтересирани за анаграми и игри со зборови; Леонардовите научни игри (како и неговиот интерес за пишување со помош на огледало и интересот за сенките) добиваат интересна паралела во Duchamp-овата занимлива физика (и неговиот интерес за “повратот на огледалата” и “проектираните сенки”); заеднички им е андрогиниот психолошки образец; најпосле, Леонардовиот став дека сликата пред сè е работа на интелектот, наоѓа свој одек во настојувањето на Duchamp сликата да не смее да биде „само ретинална или визуелна; таа мора да биде поврзана со сивата материја на нашето поимање.“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)