Во полутемните простори на музејот, во кои е заробена светлината и ставена во функција на паролите кои го слават атеизмот, ја напаѓаат религијата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Глеј си за себе, кој ги ебе другите, беше паролата која често ја слушав наоколу. Можда и беа у право.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Закатанета му е устата и сал му се присторува ли дека во него се клокоти, дека дури сега од него се откорнуваат долго закоренетите пароли кои ја гласеа и утврдуваа вербата во некое подобро утре...со кое растеше, зрееше и созреваше.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ми стануваше прејасно дека тука близу родниот град, семејната куќа крај Езерото, влегував низ вратата на сталинистичкиот лавиринт во земјата со безброј бункери, пароли кои не завршуваа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)